СИТЕ МУ ЗАВИДУВААТ: Го прегрна, цела публика вреска – МАКЕДОНЕЦ се најде на бината на светски популарниот пејач!
Мега популарниот рок-бенд „30 секунди на Марс“ викендов одржаа концерт во Белградската арена, а тоа автоматски значи дека еден од најпосакуваните артисти Џерад Лето, миленик кај помладата публика е многу блиску до нас.
Лето има милионска публика од фанови, и жени и мажи се полудени по овој актер, перформер, пејач…
Нема да ви се верува, но едне скопјанец се качи на бината и не само тоа, имаше и краток разговор со Лето, па дури и го прегрна! Сега сите му завидуваат на ова момче.
На објавата на Инстаграм скопјанецот потпишан под псевдонимот hrikoriko се пофали и напиша дека му кажал на Лето дека има тетоважа со името на бендот „30 секунди на Марс“ , дека ова му бил момент кој долго го сонувал.
На 33 години ми се оствари сонот! Ова чудовиште од човек @jaredleto ме зеде во раце, на сцената во Белград!
@30secondstomars ќе те сакам засекогаш, засекогаш ќе останеш обележан на мојата кожа со секоја тетоважа што ја имам!
Момент за умирање, 100% сигурен сум дека никогаш нема да заборавам – напиша hrikoriko.
А знаете ли кој е тој?
Се работи за Христијан Проданов јавноста го знае по тоа дека тој е првото дете родено во независна Македонија. Роден е на 9 септември 1991 година, три минути по полноќ, па така и станал првото дете родено откако Македонија стана независна.
Ќе се потсетиме дека лани Гламур направи интервју со него.
Тој е популарниот шармер и миленик кај децата кој е пзонат на јавноста како суперхеројот кој оваа година на Скопскиот маратон трчаше како Бетмен, а претходните години го видовме како Спајдермен, Супермен, Аквамен…
Неодмана во едно интервју , Христијан Проданов откри дека отсекогаш сакал да се маскира и да биде оригинален со својата маска, така што не ги купува маските туку главниот „виновник“ за неговата уникатност е неговата мајка која му ги прави овие маски.
Овде можете да го погледнете целото интервју.
Го знаеме и како поп-пејач. Сме го виделе и на сцената на Макфест.