Сите мислеа дека ова е момчето што и го украде срцето на Џејла Рамовиќ – жените паднаа во транс кога видоа како изгледа
Откако победи во „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ стана една од најпознатите млади пејачки во регионот.
Убавата Џејла со својот неприкосновен шарм во шоуто ја освои публиката, но и стручното жири, па не можеме да кажеме дека на крај бевме потполно изненадени што ја прогласија за победничка на сезоната.
Таа е мошне популарна и на социјалните мрежи. Голем број луѓе ја следат секоја нејзина објава на Инстаграм и Фејсбук, а она што е интересно е и тоа што обожавателите се фасцинирани и од тоа како изгледаат и нејзините сестри Шејла и Лејла. И тие се убави млади дами кои привлекуваат погледи каде и да се појават, впрочем како и нивната позната сестра.
Џејла неодамна објави една фотографија, а многумина помислија дека на неа се наоѓа момчето што и го украде срцето.
Но на крај произлезе дека во прашање е само фотографирање за некој едиторијал во кој учествуваше и таа.
Факт е дека таа не дели премногу работи од својот приватен живот на социјалните мрежи, што е и сосема во ред, бидејќи има само 17 години. Сигурни сме дека пред неа е долга и успешна кариера, но затоа и дополнително треба да внимава во какво светло се експонира во јавноста бидејќи тоа секако дека може да се одрази на нејзината иднина.