Реклама
Холивуд

Сите мислеа дека е Пенелопе Круз, но во тесниот црвен фустан е нејзината помлада сестра

Реклама

Кога убавата актерка се појави на црвениот килим сите помислија дека е Пенелопе Круз

Шпанската актерка Моника Круз, помладата сестра на Пенелопе Круз, кога се појави во тесниот црвен фустан во „Gran Maestre Theatre“ сите помислија дека на настанот стигна нејзината сестра. 41 годишната актерка на црвениот килим се појави во фустан со кој максимално ја нагласи својата беспрекорна линија, а во преден план беше нејзиното бујно деколте. Целата комбинација ја зачини со класични сандали и интересна металик чанта, а покрај комбинацијата на која би можела да и позавиди и Пенелопе Круз (44) присутните ги потсети на својата позната сестра и со распуштената, лежерна фризура и преубавата фризура.

Маркетинг

Моника Круз својата кариера ја започна како танчарка, а во 2002 година за прв пат застанува и пред камерите. Најмногу глуми во шпански серии, а последна во која глумеше е серијата Velvet Colección. Таа не направи успешна холивудска кариера како нејзината постара сестра, но поради неверојатната сличност се појави во филмот „Пиратите од Карибите – непознати плими“, но само како замена на Пенелопе во одделни сцени која тогаш беше бремена.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button