Вести

СИТЕ КОИ ВЕРУВААТ ВО БОГ УТРЕ ТРЕБА ДА ИСПОЧИТУВААТ ЕДНО ВАЖНО ПРАВИЛО: Се празнува СВЕТИ ТОМА, куќна слава на МНОГУ МАКЕДОНЦИ

Advertisement

Верниците утре го слават Светиот Тома, еден од дванаесетмината големи апостоли и еден меѓу нив кој не го криел своето сомнение во Христовото Воскресение.

Низ тоа негово неверување, добивме нова потврда на тој чудесен настан, бидејќи воскресителот Господ им се јавил на учениците да го увери Тома , со зборовите: „Пружи ја раката своја и допри ги ребрата мои, не биде неверен туку верен.

Advertisement

На тие зборови Тома извикнал „Господ мој, Бог мој“. Овој настан кој се случил, ја потврдува вистината за воскресението Господово, бидејќи Тој навистина воскреснал и им се јавил на своите ученици, но не како привидение, туку во исто тело во кое настрадал заради наше спасение.

После вознесението на Господ Христос на небото и слегувањето на Светиот Дух на апостолите, тие фрлале коцка да одлучат каде и кој ќе оди да проповеда.

На Светиот Тома му паднала коцка да оди во Индија и иако бил тажен успеал да преобрати многу народи во христијанската вера, да востанови Црква и да постави свештеници и епископи.

Кнезот Муздије, на кој апостолот Тома му ги крстил жената и синот Азан, им наредил на своите војници да го убијат овој Свет Апостол, и тие да го избодат со копја. Но пред смртта, и со него се случило исто како и другите апостоли, кои со некоја чудесна сила биле пренесени во Ерусалим за да присуствуваат на погребот на Пресвета Богородица, Дева Марија.

Задоцнувајќи на погребот, апостол Тома горко заплакал, и на негова молба бил отворен гробот на Света Пречиста Дева Марија, но нејзиното тело не било во него, бидејќи Господ го зел телото на неговата Мајка и го преселил во Царството небесно.

Дали случајно или со намера, апостол Тома бил изберен прво со своето неверување да ни ја потврди и утврди верата во воскресението Христово, а потоа и да ни го открие чудесното прославување на Мајката Божја.

Се верува дека Свети Тома моќе да донесе друг потоа ако се налути, но бидејќи го надгледува Пресвета Богородица, тоа нема да биде наскоро.

Многу семејства овој ден го одбележуваат како своја куќна слава. Во минатото го прославувале дрводелците, бочварите, коларите, столарите, бунарџии , ѕидарите…

Се верувало дека тој штити од волци. Најважното е дека на овој празник важи „Свети Тома седи дома“, па така не се оди никаде.

Во народното паметење останал како неверен Тома

„Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“, му рекол Исус на апостолот Тома.

Светиот апостол Тома е еден од дванаесетте славни Исусови апостоли. Тома на еврејски јазик значи близнак, но апостолот Тома најчесто е познат како Неверен Тома.

Роден е во Панеида, мало гратче во Галилеја. Бил верен следбеник на Исусовото учење, и присуствувал на сите поважни настани од неговиот живот.

Кога Исус, по воскреснувањето, им се јавил на неговите ученици меѓу нив не бил Тома. А кога тие му кажале дека го виделе Спасителот, Томо не верувал и оттука е наречен Неверен Томо. „Тома еден од дванаесетте наречен Близнак, не беше со нив кога дојде Исус.

Другите ученици му рекоа: „Го видовме Господа“. А тој им рече: „Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата негови, нема да поверувам“. А по осум дена учениците Негови пак беа собрани, и Тома со нив. Дојде Исус, кога вратата беше заклучена, застана помеѓу нив и рече: „Мир вам!“

Потоа му рече на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои и не биди неверлив, но верлив“. Одговори Тома и му рече: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“. (Јован 20/25-29)

Кога по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, овие се растуриле по светот за да го шират Исусовото учење, Тома отишол во Индија. Се претставувал како мајстор-ѕидар, а го проповедал христијанството. Таму бил и кога умрела Богородица и на таинствен начин пристигнал три дена по погребот.

Многу жалел поради тоа и побарал од апостолите да го отворат гробот и да ја види Божјата мајка. Но кога му ја исполниле желбата и кога го отвориле ковчегот телото на Богородица не било тука. Таа воскреснала и отишла кај својот син.

Потоа Томо повторно се вратил во Индија каде што придобил многу неверници кон христијанската вера. Откако ги придобил и жената и синот на царот Миздија овој наредил да го убијат.

Војниците го избодиле со копја надвор од градот, а неговите приврзаници го погребале како што му прилега.

Нашиот народ го смета за лесен празник, но за тие што празнуваат именден се смета за тежок празник и тие не треба да работат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button