Сите зборуваат за сопругата на Златан Ибрахимовиќ: Има милиони а се шета вака низ Мајами- русокосата убавица изненади со овој стајлинг

Со години наназад поранешната шведска манекенка, а денес маркетинг консултант, Хелена Сегер, има голема улога, а можеби и најважна во животот на еден од најпознатите фудбалери на светот.

Златан Ибрахимовиќ никаде не оди без неа, а кога ќе го прашаат да прокоментира некоја друга жена, тој секогаш ќе каже: „Како тоа мислите друга жена. Јас сакам само една жена!“

Тие се запознале кога Златан имал 21 години, а таа 32. Кога прв пат се сретнале, тој со своето Ферари го заградил нејзиниот Мерцедес, а како што таа вели, тогаш го забележала само неговиот нос и златниот часовник на раката.

„Бев лошо расположена и му се развикав. Мислам дека тоа му се допадна“, изјави Хелена во едно од нејзините ретки интервјуа дадени за медиумите.

Малкумина знаат дека сопругата на Златан Ибрахимовиќ, Швеѓанката Хелена Сегер била милионерка уште пред да го започне животот со фудбалерот.

Атрактивната русокоса, која ги роди двата сина на спортистот, Максимилијан и Винсент, е сопственичка на сопствен бизнис, што резултира со значителна сума на пари на нејзината банкарска сметка. Таа до ден денес зборува за нејзината прва средба со Златан како многу непријатна ситуација.

-Кога го запознав Златан, тој имаше 21 година, а јас 32, имав кариера и богатство и не ми требаше фудбалер да ме храни. Бев независна, а тој дури и не беше мој тип на маж. Првиот пат кога го видов, тој се заби во мојот Мерцедес со неговото Ферари, се што видов беше неговиот голем нос и златен часовник на неговиот зглоб. Бев нерасположена и му викав. Мислам дека тоа му се допадна, изјави Хелена – која се уште важи за вистинска опасна девојка.

И покрај големото богатство на нејзиниот сопруг, таа никогаш не ја напуштила работата, исклучително е почитувана во деловната сфера, не е тајна дека дури и многу му помогнала на Ибра во развојот на кариерата, и со контакти и со совети, а бидејќи се од горенаведеното е точно, таа сака да нагласи дека не е како другите жени на фудбалери.

Сопругата на Златан Ибрахимовиќ нема куќна помошничка. Иако не е задоволна од должината на нозете и дебелината на усните, таа не направила никаква корекција не е љубител на шопинг, а тврди дека повеќе би сакала да се прошета на црвениот тепих во фармерки и бела маица.

Сопругата на Златан Ибрахимовиќ нема куќна помошничка. Иако не е задоволна од должината на нозете и дебелината на усните, таа не направила никакви корекции, не е љубител на шопинг, а тврди дека повеќе би сакала да се прошета на црвениот тепих во фармерки и бела маица.

Хелена не троши премногу време на изгледот и модата, а доказ за тоа се фотографиите направени на улиците на Мајами. Имено, таа го искористи убавиот сончев ден да се прошета со сопругот а за таа прилика го облече омилениот аутфит, фармерки и бела маичка, додека на нозете носеше патики а косата и беше собрана во капа. Хелена со овој потег уште еднаш потврди дека и покрај милијардите во банка, таа е многу обична жена, сопруга и мајка.