Синот на Брена и Боба ужива во невиден луксуз – ваков раскошен живот не може секој да си го дозволи
Брена и Боба ја продаваат куќата во Мајами за 17 милиони долари, а еве што прави нивниот син
Ќе ви се заврти во главата од луксузот
Најмладиот син на пејачката Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, ги спакува куферите и отпатува во Мајами.
Но и покрај тоа што ретко објавува фотки на Инстаграм овој пат реши да се пофали и да покаже во каков луксуз ужива.
Имено, Виктор се снимаше во приватниот авион со кој патуваше додека пие шампањско и ужива во ручекот.
Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Неговите објави веднаш привлекоа внимание, а многумина се прашуваат со кого наследникот на Брена тргнал на ова патување.
Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Тој пред извесен период позираше покрај авион со мистериозна девојка на која лицето и беше покриено со емотикон срце.
Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Потсетуваме, долго време се шушкаше дека тој е во врска со Софија Шашиќ, но тие и двајцата се немаат огласено на оваа тема.
Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Она што е познато е дека оваа врска не и се допаѓала на Лепа Брена, па тие наводно заради неа и не се заедно повеќе.
Фото: Инстаграм/ Виктор Живојиновиќ
Инаку, неодамна испливаа информации дека Брена и Боба решиле да ја продадат вилата во Мајами, која се наоѓа покрај морето, а во која престојуваат кога се во Америка. Тие куќата ја купил во 2010 година и потоа целосно ја реновирале, па како што пренесуваат медиумите, тие сега ја продаваат за 16.900.000 долари. Во огласот е наведено дека се продава луксузна вила со шест соби и шест тоалети, со базен, џакузи, летна кујна, лифт до покривот…
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Дали Брена и Боба нашле потенцијален купувач, па Виктор заради тоа оди во Мајами или заради некоја друга причина, накоро ќе дознаеме, а до тогаш погледнете како тој ужива на ова патување.