Сестринската љубов нема граници: Влезе во црвената зона за да се збогува со близначката болна од ковид
Заразата со ковид-19 донесе трагедии во многу семејства во сите делови на светот. Тоа се нечии животни драми, семејни трагедии или големи победи на лекарите и пациентите насекаде каде што оваа опасна болест му се заканува на човештвото.
Меѓутоа, од време на време се појавуава приказна, а во овој случај фотографија, која не тера да размислиме подлабоко. Токму тоа е случајот со трогателната фотографија од Нови Пазар на кој една сестра близначка ја испрача другата на лекување во Крагуевац.
За да не се зарази друга, таа облекла скафандер за да може да ја гушне сестрата која е болна.
Slika dana, Novi Pazar
Zagrljaj sestre bliznakinje koja je obukla skafander i ušla u crvenu zonu da pre transporta za Kragujevac zagrli svoju sestru, obolelu od korone!
Sestre su ljubav, snaga i podrška!❤️❤️ pic.twitter.com/OVZeFtuUK3Маркетинг— Ice Lady 🧊 (@Aya_icelady) August 15, 2020
-Прегратката на сестрите близначки од кои едната облече скафандер и влезе во црвената зона пред транспортот за Крагуевац за да ја гушне својата сестра заболена од корона!.
Сестрите се љубов, сила и поддршка!, пишува во коментарот на Твитер покрај објавената фотографија.