Реклама
Вирално

Сериозна состојбата во Германија: Цела Европа е во опасност од коронавирусот

Реклама

Во Германија бројот на случаи од ковид-19 порасна за 1.176, соопшти денеска Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

Во последните 24 часа nочинале 9 лица, со што вкупниот број на nочинати пораснал на 9.338, пренесува агенцијата Ројтерс.

Маркетинг

Од почетокот на пандемијата во Германија од коронавирус се заболени 253.474 лица.

Познатиот германски вирилог Кристијан Дростен од Универзитетската болница Чарите во Берлин се изјасни за скратување на периодот за самоизолација на пет дена. Досега самоизолацијата во Германија траела два дена.

Маркетинг

Дростен заговара скратување на самоизолацијата зошто мисли дека тоа е поприфатлива епидемиолошка мерка во општеството, но и додава дека самоизолацијата од пет дена „е на самата граница од епидемиолошки прифатливото“.

Овој виролог им препорачува на оние во самоизолација тој период да не го трошат на тестирање туку да се тестираат откако ќе им помине периодот на самоизолација.

Дростен смета дека заразените од коронавирус се најинфективни во периодот од пет дена, но самиот напоменува дека тоа е се уште недокажана теза.

Професор доктор Кристијан Дростен

Неговата изјава предизвика расправа во германската јавноста па Дростен нахнадно објасни дека неговиот предлог се однесува на т.н. кластери на инфицирани, а не на се општо.

Во секој случај, германските сојузни и покраински власти се договорија дека оние кои доаѓаат во Германија од различни подрачја потребно е задолжително да се тестираат на коронавирус и да одат во петдневна изолација.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button