Реклама
MAMAДом и семејство

Семејните одмори ги прават децата среќни и попаметни, велат научниците

Реклама

Одморот на семејството иако може да биде скап и бара многу планирање и нерви, научниците тврдат дека е исклучително важен за нашата среќа, бидејќи помага да се консолидираат конекциите и да се создадат спомени од непроценлива вредност.

Една студија објавена во Journal of Consumer Research покажа дека патувањата се поважни од подароците. Иако вашето дете може да сака нова игра или кукла, одморот ќе биде попрофитабилен на долг рок.

“Тоа е искуство кое предизвикува силен емотивен одговор. Ако сакате нешто да му дадете на некој близок, одберете искуство “, вели Синди Чан, кој го предводеше истражувањето. Патувањата за децата и целото семејство се бесценети.

Маркетинг

“Родителите само треба да бидат попаметни кога станува збор за планирање на одмор. Ако ги доведете бабите и дедовците, ќе го поврзат семејството поблиску, но исто така ќе имате одмор за себе. Исто така, важно е да се најде хотел наменет за семејства, во кои децата ќе имаат можност сами да се дружат “, советува Камерон Холанд од порталот Luxury Escapes.

Неговиот совет е секогаш да се проверува  изборот на престој дали има опции како што се бебешки колички, услуги за згрижување, аниматори и други содржини за најмладите. “Откако децата ќе пораснат, ќе биде полесно”, додава тој.

Маркетинг

Една студија во Велика Британија покажа дека половина од испитаниците велат дека најдобрите спомени на одмор се токму она што го поминале со семејството, додека 55 проценти велат дека тоа е сеќавање што ќе го имаат до крајот на нивниот живот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button