Реклама
Наши ѕвезди

Семејна трагедија му го одбележа животот: Ацо Пејовиќ го загубил братот поради лекарска грешка, раскажува пејачот низ солзи

Реклама

Популарниот српски пејач Ацо Пејовиќ го изгубил братот зошто лекарот кој ја водел бременоста на неговата мајка не видел дека таа носи близнaци, што довело до трагичен исход.

И покрај мирното растење, неговото семејство били соочено со немил настан во 1976 година, кога неговата мајка, која носела близнаци, по грешка на лекарите донела на свет само едно дете.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BC4cnfmAECa/?utm_source=ig_embed

– Иако и тогаш постоел ултразвук, познат лекар од Белград не видел дека станува збор за две бебиња и таа катастрофална грешка доведе до трагичен исход зошто едно од бебињата буквално се задушилo. Братот кој успеа да преживее имал само килограм и четрсто грама на раѓањето, а го доби името Радојица, по познатата епска песна „Мали Радојица“, за чија храброст и издржливост е испеана легнедата. Со тек на време тоа го прифатив како божја волја. Не се запрашувам себеси што ќе се случеше ако се беше поинаку, но често го правам она што можам да го направам за него – палам свеќа кога ќе отидам во црква. Е сега, не знам дали тоа е во ред или не, бидејќи велат дека на оние кои не се крстени не им се пали свеќа, но јас го правам тоа. Душата е душа, па дури и додека е плод во мајчината утроба. И треба да се почитува секој живот и да не си се дава право за се прекине. Затоа сите ние многу внимаваме на помладиот брат, кој денес е момче мажиште од два метри и се занимава со кошарка во нашиот роден град, раскажа пејачот во едно интервју пред неколку години.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BgRvIJbhA10/?utm_source=ig_embed

Ацо Пејовиќ, инаку пораснал сам во приградската населба Коловрат, со четири години постариот брат Предраг и шест години помладиот Радојица.

Малкумина знаат дека Ацо Пејовиќ им е венчален кум на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ и кум на нивниот син.

Тие гостувајќи во една прилика во емисијата  „Гранд ѕвезди“ отворено зборуваа за тоа како и зошто го избрале познатиот пејач за кум.

„Кога почнавме Александра и јас да излегуваме бевме на еден роденден на кој имаше многу пријатели од музичкиот свет. Ацо седеше спроти нас и не гледаше цело време, а во еден момент ми кажа ’Свадба, ти си готов!’ И тоа го повторуваше цело време. Не знаев што да му кажам, а во себе мислев на тоа дека се забавуваме одвај десет дена и дека ни на мене, ниту на неа свадба не ни паѓаше на памет. Но кога тргнавме да си одиме, Александра и јас му кажавме: ’Ако навистина биде свадба ти ќе ни бидеш кум’“, рече Филип.

Ацо Пејовиќ иако се занимава со јавна работа и често е во кафеаните, и важи за женскар, многу пријатели го познаваат како семеен човек на кому сопругата и трите ќерки му се на прво место.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button