Селма Хаек по трети пат го изговори судбоносното „ДА“, а нејзините обожаватели најмногу изненадени од она што го носеше
Големо БРАВО за нивната љубов

Познатата актерка Селма Хаек (51) доживеа големо изненадување кога нејзиниот сопруг, милијардерот Франсоа-Анри Пино (56) ја изненади со церемонија на која по трети пат го изговорија судбоносното „Да“. Селма блескаше додека ги обновуваше заветите, а на социјалните мрежи напиша:
https://www.instagram.com/p/BnB-wlVngEI/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
„Летото е при крај, а мојот најубав момент беше кога сопругот ме изненади со обновување на нашиот завет. Ова не е она што би го избрала да го облечам за својата венчавка, но ми беше речено дека одиме во спа! Среќно вљубени!“ напиша актерката под фотографијата од третата венчавка.
https://www.instagram.com/p/BnCBC6AHHa6/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Инаку, помеѓу Селма и нејзиниот сопруг стои интересна љубовна приказна. Франсоа- Анри, сопственикот на модниот бренд Керинг, кога ја запозна актерката раскина со една од најубавите и најплатените модели во 90-тите, Линда Еванџелиста, а таа забремени по нивната разделба. Франсоа прво тврдеше дека детето не е негово, но подоцна го призна. Селма пак, кога дозна за неговата љубовна авантура, во 2008 година се врати во Холивуд, но Анри направи се за да ја врати и успеа во тоа. Тие се во брак од 2009 година.
https://www.instagram.com/p/Bm_VI9fnHqP/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control



