Реклама
Вирално

СЕКОЈА ЧЕСТ: Малата Нина успеа да ги собере парите за лекување на својот татко- се огласи и нејзината мајка се обрати до сите хумани луѓе!

Нина успеа во својата цел...

Реклама

Девојчето кое го воодушеви регионот со идејата да продава крофни за да собере пари за операцијата на нејзиниот татко, успеа во својата цел.

фото принтскрин/Тик Ток

Нина Нинковиќ од Нови Сад продава крофни за да собере пари за лекување на својот болен татко а вчера  на социјалните мрежи се појавија видеа на кои можеа да се видат бескрајни редици луѓе кои стојат во ред за крофни пред нејзиниот штанд.

фото принтскрин/Тик Ток

Добра вест е тоа што парите за лекувањето на нејзиниот татко се собрани а тоа го објави мајката на Нина.

Маркетинг
фото принтскрин/Тик Ток

– Не се плашиме од патот таму, најдовме луѓе кои ќе ни помогнат. Собираме уште неколку документи и одиме таму да предадеме се и да видиме, па потоа ќе објавиме во која болница сме, а преку социјалните мрежи ќе објавиме и проценка колку чини и ќе контактираме со сите ако треба пари, а ако има премногу пари ќе ги поделиме на другите корисници на фондацијата, изјави за Телеграф мајката на Нина.

фото принтскрин/Тик Ток

Девојчето продаваше крофни за да собере пари за операцијата на нејзиниот татко, а крофните ги печеле нејзината мајка и баба. Нина ги продаваше по цена од 100 динари (0,85 центи).

Маркетинг
Фото: Приватна архива, РИНА

Да потсетиме, во 2016 година, таткото на Нина го изгубил видот поради одлепување на мрежницата. Во март повторно се појавила аблацијата и била дијагностицирана симпатична офталмија и панувеитис, а животот на Зоран бил загрозен, пишува Блиц.

Фото: Инстаграм/ Ненад Пагонис

“Отпрвин сакав да продавам крофни за џепарлак. Но се сетив дека можам да му помогнам на тато и да соберам пари што е можно поскоро за неговите лекови. Така почнав да продавам за него”, рече малото девојче кое продаде 500 крофни во едно попладне, колку што имаше на нејзиниот штанд.

Фото: Инстаграм/ Ненад Пагонис

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button