И додека на повеќето Македонки им се грди и НЕ можат да ги поднесат, Северина не се одвојува од нив!
Северина позираше на снежното време во Загреб во издание кое многумина го оценија како претерано.
Имено некои модни критичари ја критикуваа дека претерала комбинирајќи ги црните фармерки со висок струк со обична бела маица, зимска јакна во темно зелена боја и бели чизми. Да, токму чизмите се модниот додаток околу кој се кршеа копјата и на социјалните мрежи, а многумина се прашуваат како некој може да носи вакви обувки, колку тие и да се популарни.
Пејачката пред неколку дена се прошета и со сандали што ги носеше со чорапи, тренд кој исто така на многумина им изгледа грдо.
https://www.instagram.com/p/BfBqW2RAheb/?taken-by=severina
Што се однесува до нас, нам ни се допаѓаат и двете комбинации. Кога можат девојките како Сара Џесика Паркер или Кендал Џенер да „фураат“ слични изданија, зошто да не може и Северина? Па таа е една од најпознатите модни икони и навистина би сакале вакви комбинации да гледаме почесто и на нашите улици. Впрочем како што беше случајот и со оваа скопјанка тука.
Што мислите вие?