Северина открива со кој го поминува летото, шетаат со момчето на омилените места од нејзиното детство
Поради пандемијата, Северина оваа сезона летува во Хрватска и тоа на места на кои не била од детството.
Северина во последните неколку денови се одмара во родната Далмација така што ужива во капењето и сончањето и разгледувањето на прекрасниот хрватски брег.
За Радио Далмација Северина откри и дека со неа е и нејзиниот 8-годишен син Александар и дека ги посетиле Корнати и Плитивичките езера.
– Малку шетаме по островите, малку си играме со ежовите – дали ќе не боцне или не, зошто мора да ги вадиме и морските краставици, а јас сум Супервомен. Кога одев на концерти додека тој беше мал, јас ќе облечев некој оклоп, и одам да го спасувам светот. Му реков дека сум Супервомен, како онаа од цртаниот. И одам да го спасувам светот. Така секогаш морав да ловам ракови, да ги ставам во тегла и подоцна да ги враќам во море. Една ѕвезда сам извади и беше пресреќен, открива пејачката.
Поради пандемијата, Северина оваа сезона летува во Хрватска и тоа на места каде не била уште од детството.
„На Плитвице сум била само на екскурзија во основно училиште и уште една кога снимавем спот. Таму постои јавање, можете да ги храните елените во прекрасниот ресорт, бевме и во пештерата. Нашата Хрватска е прекрасна, уживавме на Плитвице, Беше многу интересно,посебно на децата. Спиевме во куќичка на дрво и сега одиме повторно во Сплит“, раскажува таа.