Северина заврши на операција. Без шминка, објави фотографија од болничкиот кревет – еве што се случува со неа (фото)
Северина ги изненади своите обожаватели со фотографија од болничка соба која потоа за кратко време ја избриша.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, Северина завршила во болница поради итна операција поради која ќе мора да одмара две недели. Таа направила рутинска операција на хернија која веќе подолго време и правела проблем во животот, а бидејќи болките понекогаш биле неиздржливи, пејачката морала и да откаже некој од своите концерти.
Операцијата поминала добро и Северина е пуштена дома на домашно легување со совет од нејзините доктори да мирува две недели, велат официјалните лица од нејзиниот тим за односи со јавноста.
Инаку, Северина неодамна одржа концерт во Цирих од каде сподели неколку фотографии на социјалните мрежи. Таа на концертот покажа и нова фризура која настана за потребите од снимањето на спотот за нејзината нова песна од албумот „Хало“ која премиерно ќе ја видиме во понеделник.