Реклама
CelebrityTV

Се уште ја чувствувам болката: Имаше два спонтани абортуси, изгуби два сина во седмиот месец од бременоста трогателна исповед на Весна Змијанац

Со ќерката Николија е многу приврзана...

Реклама

Фолк пејачката Весна Змијанац е една од оние јавни личности без влакна на јазикот.

фото инстаграм/Весна Змијанац

Таа не ја крие својата приватност како што тоа го прават многу од јавни личности.

Маркетинг

фото инстаграм/Весна Змијанац

Уште кога Николија беше дете пејаката ја експонирше јавно па ќерка и се појави дури и во едне нејин спот.

Маркетинг

фото инстаграм/Весна Змијанац

Но за разлика од Весна, Николија која исто така е популарна пејачка не сака јавно да ги експонира ќерките Реа и Хана велејќи дека не би сакала да ја направи истата грешка како мајка и.

Она што малкумина го знаат е тоа дека Весна имаше два спонтани абортуси пред да ја роди Николија.

фото инстаграм/Весна Змијанац

Пејачката Весна Змијанац во екот на својата најголема слава ги помина најтешките моменти во животот.

Во својата автобиографија „Кога мирисаат јоргованите“, таа еднаш ја опишала болката што ја доживеала поради загубата на двата сина, и тоа двата пати во седмиот месец од бременоста.

фото инстаграм/Весна Змијанац

„Всушност, ми беше судено да ја доживеам најголемата духовна болка во времето на мојата најголема слава, да ја потиснам големата радост поради големиот успех и со исто толку (уште поголема, всушност) тага, ја препознавам и таа огромна, едвај поднослива и вечно присутна болка, болката што загубата на детето ја остава кај родителот“, опиша Весна.

фото инстаграм/Весна Змијанац

„Го загубивме првото дете, синот, Влада Јовановиќ и јас во 1986 година, кога бев бремена во седмиот месец. Спонтаниот абортус се случи на паузата на концертот во Младеновац. И не ме обвинувајте за таа сцена (пораѓањето кое започна ненадејно и предвреме и всушност се случи во соблекувалната зад сцената на салата во Младеновац, а траеше и на пат кон Белград, па дури и неколку минути во болница) не можам да го опишам ни денес… првите неколку недели  додека болката од загубата беше сè уште свежа, сакав и јас да исчезнам, се обвинував себеси… се присети пејачката.

 

фото инстаграм/Весна Змијанац

„Тогаш се запрашав и сè уште се прашувам понекогаш – што направив за да го заслужам тоа што ми се случи? Ги собрав (и сè уште ги собирам) сите мои грешки и гревови, сите мои доброволни и неволни непостапувања, сите мои бесни и особено изразени маани, сите оние грди мисли што ги имав за некого или нешто, сите не многу пофални работи што си ги направив себеси и на другите, сите убави и добри работи што не си ги направив ниту на себе ниту на другите, сите тие моменти во кои повредив некого (макар и ненамерно) со ова или со она, што сум го кажала или направила – и ги барав корените и причините за таквата казна што ми беше досудена“, рече Весна во нејзината автобиографија.

фото инстаграм/Весна Змијанац

По големата тага за Весна дојде и најголемата среќа – во октомври 1989 година ја роди ќерката Николија. Наследничката тргна по стапките на мајка си и и подари две внуки Реа и Хана.

ж

фото инстаграм/Весна Змијанац

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button