Цеце го покжа момчето.
Водителката Цеце Николова е синоним за храброст, борбеност и искреност.
ФОТО: Инстаграм / Цеце Николова
Цеце одамна е дел од ТВ етерот кај нас, а денес е дел и од утринската програма на Канал 5 телевизија.
Цеце е една од ретките јавни личности кои отворено и искрено зборуваат за тешките моменти во животот.
ФОТО: Инстаграм / Цеце Николова
Од малечка се бори со алопеција, односно опаѓање на косата и влакната по телото.
Иако кога била помала ѝ било тешко да прифати дека боледува од оваа болест, денес таа е пример и инспирација за сите кои се соочуваат со истиот проблем.
ФОТО: Инстаграм / Цеце Николова
Веќе неколку години во јавност се појавува без перика и максимално се има прифатено себеси.
Досега никогаш јавно нема зборувано за својот љубовен живот, но сега одлучи да го покаже својот сакан.
ФОТО: Инстаграм / Цеце Николова
Таа сподели видео и фотографии на Инстаграм, додека танцува со своето момче.
Во опис ја напиша само буквата Б, а до неа стави стикер срце.
Оваа буква најверојатно ја означува првта буква од името на нејзиниот сакан.