Се сеќавате ли на малиот негативец од филмовите со Хари Потер? Денес има 33 години, а жените се луди по него. Погледнете како изгледа
Времето лета …
Сигурни сме дека се сеќавате на еден од негативците во филмскиот серијал Хари Потер – арогантниот и суров Дрејк Мелфој, кој можеби беше најголемиот ривал на Хари, барем кога станува збор за соучениците.
Оваа улога одлично ја претстави тогашниот 13-годишен Том Фелтон, а денес по 19 години од првиот филм, ова русокосо момче изгледа сосема поинаку.
Фелтон деновиве е во изолација во калифорнискиот град Палм Спрингс, па така времето во карантин го минува и објавувајќи нови фотографии на социјалните мрежи.
На својот профил на Инстаграм, каде го следат скоро 6 милиони луѓе од целиот сцет, тој сподели фотографија на која се гледа неговото извежбано торзо, а тоа ја воодушеви неговата публика. „Како се осмелуваш да изгледаш толку добро“, „Ожени се со мене“, „Престани да ги тераш луѓето да го сакаат Драко Мелфој“, беа само некои од коментарите на претставничките на понежниот пол.
Патем, неодамна беше објавено дека Том за време на снимањето на филмот Хари Потер имал кратка афера со колешката Ема Вотсон, која за ја играше Хермиона, но никој од нив досега нема откриено детали.
„Бевме деца, но постоеше и по некоја искра“, изјави овој 33-годишник во една прилика за „Дејли меил“.
Овој убав Британец ја продолжи својата кариера во филмскиот свет, но со улогата во Хари Потер остана најпрепознатлив.
Кога станува збор за неговиот приватен живот, многу малку работи се познати и испловиле на виделина, а последната негова девојка која беше позната во јавноста е актерката Џејд Гордон, со која беше од 2008 до 2016 година.