Се сеќавате ли на Даскал? Еве што работи денес познатиот македонски срцекршач
Некогаш ултра популарен пејач, денес рaботи нешто сосема друго.
Даскал жареше и палеше на македонската музичка сцена, а потоа одлучи да се повлече.
Кон крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, Дејан Даскалов, во јавноста познат како Даскал беше еден од најпознатите пејачи односно хип – хопери во земјава.
ФОТО: Принтскрин
„Дежа Ву“, „Далеку си“, „Засекогаш со мене“ се песните кои беа негови најголеми хитови.
Девојчињата беа вљубени во него, а момчињата го имитираа неговиот начин н облекување.
Се појави во периодот кога се случи револуција на македонската поп сцена, односно периодот кога наши најпопуларни пејачи беа Врчак, Угро, Ребека, Ерзана, Ин и други.
ФОТО: Принтскрин
Благодарение на социјалните мрежи, публиката може да ги пронајде сите славни личности кои се повлекле од сцената и да дознаае каде се и што прават денес.
Даскал денес е вработен како Спец. Д-р интервентен Радиолог на Клиника за Радиологија – Скопје.
ФОТО: Фејсбук / Дејан Даскалов
Но, и покрај сѐ, тој не се откажува од музиката. Вели дека не може да замисли ниту ден без музика во сите облици. Таа е дел од неговиот живот и само со музика може да се релаксира, развесели.
Што се однесува до физичкиот изглед, може да се каже дека воопшто се нема променето.
ФОТО: Фејсбук / Дејан Даскалов
Времето како да запрело за него.
Погледнете и уверете се: