Се сеќавате ли на Бапчо од К-15 – еве како изгледа денес
Цела екипа повторно се обедини.
Познатиот комичар објави фотографии од обединувањето на ликовите од К-15.
Хумористичната телевизиска емисија позната по својот сатиричен хумор и остри општествени коментари, К-15, остави забележителна трага во македонското општество од своето основање.
ФОТО: Фејсбук / Фан страна на К-15
Емисијата, која првпат се емитуваше во 1994 г. стана составен дел од македонската популарна култура, влијаејќи на јавниот говор, политичкото сознание и културната самоличност.
Генерации и генерации пораснаа со легендарните Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки.
К-15 е основано и оригинално го сочинуваат актерите Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски, но често се појавува и други актери.
ФОТО: Фејсбук / Фан страна на К-15
Тројцата основачи беа исто така и дел од сценаристите и режисерите.
Во шоуто се исмеваа и обработуваа социјалната, политичка и економска ситуација, особено нелогичностите во македонското општество, етничката толеранција, стереотипите, табу-темите и животната средина.
ФОТО: Фејсбук / Фан страна на К-15
Освен трите добро познати ликови, во емисијата се појавуваа и други актери, кои исто така беа популарни во јавноста.
Еден од нив беше и Емануел Тасев, кој во К-15 ја имаше улогата на Бапчо.
ФОТО: Фејсбук / Фан страна на К-15
Бапчо посебно се истакна во третиот циклус „Оплеменувачи на иверици” во таканаречените долгометражни епизоди. Бапчо беше особено популарен, а во една прилика, Бранко Огњановски изјавил дека тој е извонреден лик.
По завршувањето на третиот серијал се повлече целосно од К-15, од непозната причина за јавноста.
Тошо, Миле и Бапчо повторно се обеднија и направија седенка во еден од скопските ресторани.
Погледнете како денес изгледа Бапчо: