Се сакаат како првиот ден, а вирусот корона уште повеќе ги зближи – погледнете како изгледа сопругата на докторот Пановски
Познатиот доктор е оженет со прекрасна дама, која се појавила во вистински момент во неговиот живот за да му го излечи скршеното срце.
Во моментов многу луѓе во Македонија го сметаат докторот Никола Пановски за херој.
Тој е редовен професор, област микробиологија со паразитологија, вработен на Медицински факултет при Универзитет „Св. Кирили и Методиј“ во Скопје.
Доколку сите доктори би биле како Пановски, здравството во Македонија би процветало.
Освен што е максимално професионален, тој е исклучително хуман и се труди на секој можен начин да им помогне на своите сограѓани. Тој и самиот е среќен што се исполнува неговата животна цел, а тоа е да им помогне на граѓаните.
Неговата популарност се зголеми со појавувањето на вирусот Ковид 19, а граѓаните во неговите совети го гледаат спасот.
Неретко не се согласува со одлуките на властите и често јавно ги критикува одлуките за рестриктивните мерки.
Пановски е доста активен на социјалните мрежи каде дели совети и одговара на прашањата на пациентите поврзани со ковид 19.
Мора да се признае дека професорот оваа година доби поголема популарност и од политичарите, но и од спортистите.
„До некаде ми годи. Сакав да бидам популарен кога бев помлад, сега си викам што ќе ми е сега ова. Сега имам колку што ми треба, а тогаш ми требало малку повеќе. Но, ми годи. Јас сум на велосипед, па ќе ми застанат и со автомобили. Во парк ме запираат. Малку почувствував дека популарноста може и да заморува, но се носам со тоа“, кажа Пановски во емисијата „Голден карпет“.
И покрај многу професионални ангажмани, Пановски секогаш времето го посветува на своето семејство и работите во кои ужива.
Веќе 20 години е во брак со Бети Пановска, со која како што вели пандемијата уште повеќе ги зближила.
Инаку Бети е 15 години помлада од професорот, а после една година љубовна врска стапиле во брак.
Во тој период како што кажа тој во емисијата, бил разочаран од љубовта, со две деца, а Бети го излечила неговото скршено срце.
Пановски е татко на 5 деца. Од првиот брак има два сина, близнаци, кои се 8 години помлади од Бети.
Плод на љубовта меѓу него и неговата сакана се трите деца, синот Јаков, ќерката Јована и најмалата Антонија која има само 11 години.
И професорот и неговата сопруга се вљубеници во спортот и често и заедно уживаат во спортувањето.
Сепак, доколку го сретнете негде надвор тој секогаш е на неговиот велосипед.
Со својот велосипед поминува 6-7 илјади километри годинишно, па знае да се пошегува дека можеме да замислиме колку многу јаде, штом толку спортува, а има вишок килограми.
Вели дека никогаш не бил на диета, дека ужива во храната и секако во чаша-две ракија со салата после возење на велосипедот.
Тој смета дека луѓето треба имунитетот да го создаваат преку исхраната, а не преку таблети.
Тој никогаш во животот не се напил никаков витамин.
Рецепт да се остане присебен во пандемијава вели дека е да се биде релаксиран.
„Воопшто не се нервирам и не ги разбирам луѓево што се нервираат. Некако сум порелаксиран. Несреќата надворешниот непријател некогаш ги зближува луѓето“, заклучи Пановски.
Фото: Фејсбук / Никола Пановски