Реклама
Наши ѕвезди

Се разведе од ќерката на Велија Рамковски и се ожени со убавата Сезен – Сефер Цановски СТАНА ТАТКО по четврти пат

Реклама

Голема причина за славење и радост во семејството на Сефер Цаноски.

ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук

Бизнисменот и директор на ФОН Универзитет, Сефер Цаноски, син на бизнисменот Фијат Цановски, деновиве е актуелен во јавноста откако се на социјалните мрежи соопшти дека станал татко по четврти пат.

Ова е неговото четврто дете, а второ од бракот со сопругата Сезен.

Маркетинг

Инаку, Цаноски речиси десет години беше во брак со ќерката на некогашниот сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски, Лејла Рамковска.

ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук

Во бракот со неа тој доби две деца, син и ќерка.

Маркетинг
ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук

По разводот со Лејла тој изјави дека останал во добри односи со неа и нејзиното семејство.

-Љубовта со Лејла згасна пред неколку години. Се трудевме да ја спасиме на многу можни начини, но не успеавме. Лани одлучивме да се разделиме. Сфативме дека е најдобрата опција за нас двајцата да продолжиме со животот и да ја фокусираме целата наша енергија на нашите деца. Драго ми е што успеавме да останеме пријатели. Со Лејла и со фамилија Рамковски сум во скоро секојдневна комуникација и имаме голема меѓусебна почит. Имаме две прекрасни деца и заедничка обврска према нив – раскажува Цанoски за Фокус.

ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук

Тој и Лејла се инаку кумови на популарната пејачка Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар Димитриовски-Мачка.

ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук

По разводот со Лејла тој стапи во брак со убавата турчинка Сезен. Нивната љубов тој ја опишува како љубов на прв поглед.

ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук

Тие се сретнале сосема случајно на улиците на Таксим, каде Сефер бил на службено патување.

-Пиев кафе на коридор во 20 милионскиот Истанбул кога се појави пред мене. Се погледнавме очи во очи и во истиот момент и двајцата го почуствувавме истото! И викам, извинете, дали зборувате англиски?, а таа ми се обрати со убав чист англиски јазик, што за Истанбул и Турција е тешко да го најдеш. Но не беше до англискиот…

За прв пат во живот ни се случи љубов на прв поглед. Сезен е најискрената женска личност што сум ја запознал во мојот живот. Германска култура. Турска чесност и почит. И современа жена со широки погледи – откри Сефер за Фокус.

ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук

Тој истакна дека Сезен во Турција имала многу успешна кариера како банкарка, интернационален трговски менаер, а имала и своја хуманитарна организација, но одлучила сето тоа да го напушти и да дојде во Македонија.

ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук

Таа зборува повеќе јазици и учи интензивн курс по македонски јазик.

Сезен и Сефер имаат две ќерки. Во 2019 година се роди нивната прва ќерка Алара, а гордиот татко тоа го сподели на социјалните мрежи.

ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук

„Добре дојде Алара“, напиша тој на „Фејсбук“ и додаде дека се чувствува благословен што му се родила ќерка.

ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук

На 26. јануари оваа година смејството доби уште еден благолов. Цановски го доби четвртото дете, ќерката Алја.

„Со милоста на Алах, благословени сме со нашата ќерка Алја Мелек. Животот нека ти е исполнет со здравје и среќа“, напиша Сефер на „Фејсбук“, а меѓу првите кои честитаа беа неговите кумашини Тамара и Мачка.


Честитки!

ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук
ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук
ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук
ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук
ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук
ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук
ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук
ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук
ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук
ФОТО: Сефер Цаноски/Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button