Се прослави со Ѕвездите на Гранд, па се повлече и исчезна од јавноста – ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледа и што прави денес Дарко Филиповиќ
Неговиот хит го знаете сите
Пејачот беше учесник во првата сезона од популарниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“.
Во прашање е пејачот Дарко Филиповиќ кој по појавувањето во шоуто „Ѕвездите на Гранд “ објави неколку песни кои беа хитови во регионот, но во еден момент реши сите свои пари да ги вложи во бизнис од кој што живее денес.
Откако влегов во Ѕвездите на Гранд веднаш почнав да вложувам во недвижнини, но в принцип воопшто не работам со недвижности. Вложив во неколку апартмани во Грција, кои ги изнајмувам, и тоа е таа приказна“ го објасни Филиповиќ својот бизнис во една пригода за српските медиуми.
Но љубовта кон музиката секако дека се уште постои. Тој неодамна со колешката Санела објави една песна, а во план му се и други песни.
„Не сакам да зборувам за тоа што имам, а што немам. Свесен сум дека луѓето сакаат да го ставаат својот нос во туѓите паричници, но мене никогаш не ме интересирало што прави комшијата и што поседува. За сé што имам заработено стои долгогодишна крвава работа. Ништо не ми падна од небото“, изјави Дарко во една пригода за српскиот портал „Ало“ и додаде дека неговите апартмани кои сега ги рента се оддалечени околу 15 километри од Солун.
Инаку Дарко покрај овие два апартмана, има и три стана во Белград, а како што пренесуваат српските медиуми пејачот заедно со својата сопруга и ќерката Настја живее во стан со седум соби додека другите два ги рента.
Дарко се уште добро заработува од песната „Она, она“ која што ја објави пред 15 години. Популарноста му овозможи со години да настапува секој викенд во регионот и во странство, а пејачот парите што ги заработуваше не ги вложуваше во нови песни, туку само во недвижности. Заради тоа како што пренесуваат медиумите, тој трпи критики како од фановите, така и од Гранд продукција, каде што своевремено беше ексклузивец.
Еве што тој изјави овие денови за Гранд:
„Неодамна со колешката Санела објавивме една убава обработка на песната ‘Као лед као жар’, и во план ни е уште една за десетина дена, а во следните неколку месеци и нова песна. Не знам дали ќе биде хит или не, но јас се надевам“, изјави Филиповиќ.
Погледнете неколку фотографии од неговиот Инстаграм профил…
Фото: Инстаграм/ Дарко Филиповиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Филиповиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Филиповиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Филиповиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Филиповиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Филиповиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Филиповиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Филиповиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Филиповиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Филиповиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Филиповиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Филиповиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Филиповиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Филиповиќ