Туба Бујукустун е една од најпознатите турски актерки на денешницава која македонската јавност ја запозна во улогата на Аси во истоимената серија.
За неа интересно е да се напомене дека таа е првата Турчинка номинирана за наградата Еми.
По улогата на Елиф во „Љубов и пари“, убавата турчинка ја имаше честа да се најде во престижниот Њујорк Тајмс кој ја вброи меѓу 100-те најсекси жени во светот, а нејзиниот ангажман во серијата „Ќерката на амбасадорот“ беше нејзиното враќање на екраните по тригодишна пауза од актерството и низа скандали.
Кога била тинејџерка имала желба да биде инженер, а пред да почне да глуми студира сценографија и костимографија.
Кариерата на оваа убавица одеше во нагорна линија сè до моментот кога се омажи за колегата Онур Сајлак, кој го запозна на снимањето на серијата „Аси“.
Тогаш почна да се пишува дека го оставила претходниот вереник Сами Сајдан токму поради Онур.
Тие се венчаа во Париз во 2011 година, а една година подоцна добија близнаци, деветгодишните Маја и Топрак.
Но, на љубовта брзо и дојде крајот, а кога се разведе од Онур во 2017 година, нејзиниот живот тргна надолу.
Таа еден период беше главна тема во медиумите со приказна за дадилка која ги малтретирала нејзините тогашни осумгодишни близнаци.
Три години била вљубена во Умут Евирген, кој имал репутација на лошо момче. Се пишуваше и дека била со 29-годишниот турски модел и актер Екин Мерт Дајмаз.
Инаку Туба важи за голема хуманитарка, таа често и ги посетува децата од УНИЦЕФ која на свој начин успева да ги насмее децата и да им ја врати вербата.