Се појави видео од местото на несреќата во која загина една жена и беше повреден Ѓорѓе Давид

Рокерот и член на жирито на Звезда Гранд, Ѓорѓе Давид доживеа сообраќајна несреќа во која животот го загуби една жена.
Рок-музичарот и член на жирито на „Ѕвезда Гранда“, Ѓорѓе Николиќ, попознат како Ѓорѓе Давид, бил дел од сообраќајната несреќа синоќа на граничниот премин Куманово – Табановце. Во сообраќајката учествуваа три возила при што загина едно лице, а повеќемина се повредени.

Според пишувањата на српските медиуми, ЃорЃе Давид управувал со едното од возилата, има сомнеж дека и тој е меѓу повредените.
45-годишна жена која беше сопатничка во еден од автомобилите го загуби живтот, а четворица се повредени според официјалната информација од МВР.
Поради густата магла и дожд дошло до сообраќајна несреќа во која учествувале три автомобили меѓу кои и автомобилот на Ѓорѓе Давид. Несреќата се случила во близина на границата во Куманово, а Ѓорѓе бил само учесник во верижната несреќа.
Сега на страницата 192.rs се појави видео на кое јасно се гледа дека и условите за возење биле тешки.
Да потсетиме, рокерот е пренесен во кумановската болница каде му е укажана лекарска помош и е стабилен. Неофицијално, пејачот е повреден и полесно ја повредил раката, а една жена го загубила животот, пренесува Гранд.




