Реклама
Наши ѕвезди

Се породи преубавата Шехерезад, еве како изгледа 14 години по снимањето на култната серија

Реклама

Берѓузар Корел, која побликата ја засака поради нејзината улога во серијата „1001 ноќ“,  повторно стана мајка.

Актерскиот пар Халит Ергенч и Берѓузар Корел  го добија второ дете, јавија турските медиуми, а по Али (8) тие добија уште еден син.

Маркетинг

Двојката се уште не се огласи, ниту го објавија името на своето дете.

Шармантната актерка неодамна во интервју за магазинот „Хело“ истакна дека би сакала да стане мајка на девојче и дека веќе избрала име за неа – Лејла. Се утврди дека повторно носи машко дете, што исто ја израдува актерката. На прашањето дали се плаши што во домот ќе биде опкружена само со мажи одговори:

Маркетинг

-Не сум воопшто исплашена. Дури и фактот што во куќата ќе бидат тројца мажи и сите ќе ме сакаат мене, прави да се чувствувам прекрасно.

Таа ги наведе и вредностите на кои ќе го учи својот син.

-На страна тоа што е момче, ќе бидам покрај него за да израсне во добра личност. Тоа истото го правам и со Али. Го учам, толку како  што ќе го учам и неговиот брат, дека е важно да ги почитува  сите луѓе, без оглед на полот, јазикот кој го зборуваат, религијата, бојата на кожата, сексуалната ориентација или облеката која ја носат – заклучи Берѓузар.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button