Се породи пред месец дена, а сега изгледа како супер херој од стрип – МАКЕДОНСКАТА пејачка ги зaпали социјалните мрежи!
Се породи пред точно еден месец а веќе изгледа неверојатно.
Пејачката Алтуна Сејдиу- Туна пред само еден месец стана мајка по вторпат, односно се породи на 9-ти мај, а сега објави нови фотографии на кои изгледа беспрекорно.
Во тесен комбинизон ги прошета синовите во новиот „Дино парк“ во Скопје, а од вишокот килограми од бременоста нема ниту трага.
„Пред еден месец кога се роди љубовта и никогаш не престанува да расте … Среќен 1-ви месец бебе Зен“ напиша Туна во објавата.
Малиот Зен го стави во „кенгур“ со „анимал принт“ додека таа носеше син и припиен до телото комбинизон кој ја оцртуваше нејзината фигура за која малку е да се каже дека е совршена.
Косата навиткана во бранови и луксузни очила за сонце, вистинска супер згодна мама.
Изгледа како да излегла од некој стрип со суперхерои.
Атрактивната албанска пејачка Алтуна Сејдиу-Туна на својот Инстаграм профил сподели дека станала мајка по вторпат, а тоа го направи на оригинален начин.
Туна објави фотографии додека сè уште се наоѓа во сала, веднаш по породувањето, а честитки пристигнуваа од сите страни.
Туна и нејзиниот избраник Патрис Бериша, кој исто така е музичар станаа родители на уште еден син кој го доби името Зен.
„Го молев Бога за маж кој засекогаш ќе ме сака. Тој ме благослови со двајца. Среќен Ден на мајките. Горда мајка на Тиан и Зен“, напиша Туна во описот на фотографиите.
Туна и првиот пат кога се породи објави фотографија од штотуку родениот Тиан во една скопска клиника, а веднаш потоа објави и преслатка фотосесија.
Туна со години е позната на музичката сцена, но повеќе активна е на албанската, додека пак во Македонија се прослави со учеството во музичкото шоу „Плеј-потрага по ѕвезди“.
ФОТО: Алтуна Сејдиу- Туна/Инстаграм
ФОТО: Алтуна Сејдиу- Туна/Инстаграм
ФОТО: Алтуна Сејдиу- Туна/Инстаграм
ФОТО: Алтуна Сејдиу- Туна/Инстаграм
ФОТО: Алтуна Сејдиу- Туна/Инстаграм
ФОТО: Алтуна Сејдиу- Туна/Инстаграм
ФОТО: Алтуна Сејдиу- Туна/Инстаграм