Се породи познатата актерка: Aнѓелка и најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг станаа родители!
Се породи Анѓелка...
Се породи актерката Анѓелка Прпиќ и на свет донесе здраво девојче.
Имено Анѓелка во последниот период беше една од најозборуваните јавни личности поради врската со вонбрачниот партнер Марко, кој беше најдобар пријател на нејзиниот поранешен сопруг.
Имено од бракот со Дарио Прпиќ актерката го има синот Јакша, а сега го роди своето второ дете со вонбрачниот партнер Марко.
Актерката од јавноста го криеше полот на бебето, но нејзината пријателка Марија Килибарда на социјалната мрежа Инстаграм откри дека Анѓелка ќе роди девојче.
Килибарда на својот Инстаграм профил објави фотографија од неа, Анѓелка и Ања Мандиќ, а во описот на фотографијата стави „Четирите мускетари“ што предизвика безброј коментари.
Потсетуваме, Анѓелка и Дарио Прпиќ се венчаа во 2011 година, а во 2012 година таа го роди нивниот син.
Пред две години тие се разделија, а причината што актерката реши да стави точка на нивниот брак, како што тогаш објавија медиумите, наводно е неверството на нејзиниот сопруг, и тоа со познатата стap*ета Ава Карабатиќ.