Се омажи Малиша, единствената ќерка на Есма – ќе ја избере „Задруга 3“ или Брисел?!
Се омажи Малиша, единствената ќерка на Есма.
Единствената ќерка која ја одгледа кралицата на Ромаската песна Есма Реџепова Теодосиевска, заплови во брачните води. Малиша пред неколку недели направи голема свадба во хотелот ,,Белви”, ааскоро ќе се пресели во Брисел, каде што нејзиниот сопруг живее и работи со години наназад.
-Невести чии мајки не доживеале да ги видат во венчаница знаат точно за што зборувам и можат да претпостават како ми беше за време на свадбата. Имаме еден стар адет, кој и јас го направив заминав на вечното почивалиште на мојата мајка, да ја поканам да биде духовно со мене присутна на тој важен ден, открива Малиша за Фокус.
По медиумите пред неколку дена се прошири веста дека токму она ќе биде дел од реалното шоу „Задруга 3“ кое започнува на 6-ти септември во 21 часот. Некои од имињата на учесниците се чуваат во строга тајност, но српските медиуми открија дека во палатата влегува ќерката на Есма.
Инаку 28-годишната Елеонора Мустафовска.Пред само неколку месеци, таа влезе во музичките води и го издаде својот прв сингл.Таа настапува под уметничкото име Малиша.