Двегодишната Данка Илиќ исчезна во вторникот околу 13 часот и 45 минути во околината на Бор, а потрагата по неа е во тек.
По нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Пронајди ме“ (Amber Alert), наменет за итно јавно известување во случај на исчезнување на малолетно лице.
Сега се огласи и нејзиниот татко.
– Злато татино, тато ќе те најде!! Свету мој мал – напиша Милош Илиќ, таткото на девојчето.
принтскрин
Девојчето има кафена коса, кафени очи, висока е околу 85 сантиметри и во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна и косата и била врзана во опавче. Полицијата и пожарникарите се на терен, а во потрагата се вклучија и граѓани. Нивните напори ги отежнува непристапниот терен и дождот кој утрово продолжи да паѓа.
Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, кој во вторникот вечерта пристигна во населбата Бањско Поље во Бор, утринава изјави дека доброволците кои сакаат да се вклучат во потрагата можат да го направат тоа во координација со полицијата. Градоначалникот на Бор, Александар Миликиќ за Танјуг изјави дека во потрагата учествувале повеќе од 350 луѓе, нагласувајќи го тешкиот терен на приградската населба.
Спасувачот на планинската служба за спасување (ГСС) Данијел Алексиќ изјави дека во потрагата се вклучени хеликоптери, а теренот го пребаруваат и беспилотни летала со термичка слика. После тоа, спасувачкиот тим ќе започне со пребарување, барајќи го секој сектор што досега не е пребаран. ГСС дејствува во координација со членовите на МУП, ставајќи ги на располагање сите свои ресурси, вклучувајќи беспилотни летала, кучиња трагачи и работна сила, со цел да се пребарува што е можно пошироко подрачје.