Се жени Огњен Амиџиќ? Водителот заљубен до уши во 17 години помладата колешка- еве кога ќе го каже судбоносното “ДА”
Заедно се неколку месеци...
Пред неколку месеци во јавноста излезе веста дека водителот Огњен Амиџиќ повторно е вљубен. Тој не криеше и откри дека е во љубовна врска со колешката Мина Наумовиќ.
Мина Наумовиќ е новинарка, а во неговата емисија „Амиџи шоу“ веќе подолго време ja води рубриката „Внимавај Мина“.
Огњен Амиџиќ неодамна изјави дека бара многу од своите партнерки.
– Имам многу високи критериуми, можеби не е оправдано, но така е. Мојата идна партнерка мора да има буквално сè – изјави тој непосредно пред да се дознае за врската со Наумовиќ, додека не крие дека едвај чека повторно да застане на „лудиот камен“.
– Апсолутно повторно се гледам како оженет маж – рече тогаш, а дали тоа ќе се случи наскоро ќе покаже времето.
Да потсетиме, по разводот со манекенката Даниела Димитровска, Огнен беше фатен во главниот град на бензинска пумпа со новата поубава половина и така се дозна за нивната романса.
Да потсетиме, поранешната сопруга на Огњен, Данијела Димитровска, од која тој се разведе по 10 години брак, откри што мисли за неговата врска со Мина:
– Што се однесува до тоа, на сите им посакувам љубов. Јас сум суштество кое цени се што е убаво и позитивно и на сите им посакувам љубов и толку – заклучи Даниела.