Се бори со короната како лав: Доктор Марко им помогна на многу пациенти, но помина 18 дена на респиратор, па ја доби третата најважна вест

Медицинските работници кои се најдоа со месеци на првата борбена линија од фронтот со коронавирусот се пожртвувани и храбри.
Имавме множност преку нивната неуморна борба за помош на пациентите да видиме што значи самопожртвуваност, храброст, посветеност, професионализам.
Така медицинарите успеаја да спасат многу животи. Еден од нив е и доктор Марко Пекија од Одделението за интензивна нега при Универзитетскиот Клинички центар во Република Српска. Како и многуте свои соборци и колеги и тој им помогна на многу заболени пациенти од ковид-19, а сега и самиот се зарази. Откако помина 18 тешки денови на респиратор, успешно се опоравува.
Др Марко Пекија.Људина. Љекар интензивне његе УКЦ.Лијечио је несебично многе заражене и тешке пацијенте на интензивној клиници.Закачио га ковид од пацијента и сам провео 18 тешких дана на својој клиници на НИВ респирацији. Већ је двапут негативан опоравак напредује а чека 3 дјете pic.twitter.com/GcIyrqGm8N
Маркетинг— Ненад Стевандић (@nenad_stevandic) August 18, 2020
Најлошото помина и Марко Пекија наскоро ќе може да се види со семејството но и да го дочеката третото дете.
„Д-р Марко Пекија. Човечиште. Лекар од интензивна нега на УКЦ. Лекуваше несебично многу заразени и тешки пациенти. Закачи ковид од пациентите и самиот помина 18 тешки денови на својата клиника, на НИВ респирација. Веќе втор пат е негативен, опоравувањето напредува, а чека трето дете“, напиша на Твитер д-р Ненад Стевандиќ, заменик генерален директот на Клиничкиот центар, објавувајќи и заедничка фотографија до д-р Пекија.