Се бараат работници со завршено средно образование – Почетна нето плата 30.000 денари

Повеќе од 30 години Fast Food 7 внимателно ја гради и надоградува традицијата на единствен ланец за брза храна во Македонија базиран на принцип – квалитет. Со тоа, на потрошувачите им нуди здрави и високо квалитетни производи по сите европски стандарди.
Со речиси 70 вработени, Fast Food 7 е единствен домашен бренд со свое централно производство и дистрибуција со возила – ладилници, до своите објекти низ целиот град.

Со воведен НАССР сертификат, овој бренд е еден од ретките во Македонија кој користи суровини и свежо месо исклучиво од врвна А класа. Fast Food 7 е ретка потврда дека „брзата храна“ може да значи здрава и квалитетна храна.
Со постојано усовршување на своите производи и збогатување на понудата со текот на годините, Fast Food 7 прерасна во водечки бренд на овие простори и стана препознатливо обележје на главниот град.

Од првобитниот мал и скромен објект, Fast Food 7 прерасна во бренд кој моментално располага со три Fast Food објекти, еден Скара ресторан и сопствен производствен погон со тенденција за понатамошно усовршување и развивање.
Освен усовршување на своето мени и збогатување на понудата, Fast Food 7 редовно организира разни промоции и промотивни пакети за своите потрошувачи. Fast Food 7 редовно учествува на социјално – општествени, културно – уметнички и спортски настани во Р. Македонија.

Преку финансиска подршка, многубројни донации и соработки , учество на форуми, конгреси, семинари, студентски организирани настани, како и натпревари на клубско и репрезентативно ниво во кошарка и бокс, компанијата е добитник на многу признанија и благодарници.
СЕНДВИЧАРА 7 има потреба од:
1. Подготвувач и продавач на храна
(работно место во Сендвичара, во две смени)

2. Подготвувач на храна
(работно место во производство, во една смена)
3. Хигиеничар
(работно место во производство, во една смена)
Потребни квалификации:
Завршено средно образование;
Претходно искуство ќе се смета за предност.

Личен профил:
Комуникативна, одговорна и лојална личност;
Тимска работа и професионален однос кон клиенти;
Висока свест за хигиена.
Ние нудиме:
Редовни месечни примања;
Почетна нето плата од 30.000 денари;
Одлични услови за работа;
Платата прогресира согласно стажот и перформансите.
Сите заинтересирани кандидати може да ги контактираат на тел: 071 324 418 до 15 часот.




