Вести

Се бараат работници – Почетна плата 38.100 денари!

Advertisement

Во јули 2012 година беше поставен камен-темелник кој го означи почетокот на изградбата на фабриката Ван Хоол Македонија во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик.

Првиот произведен автобус ја напушти фабриката на 15 октомври 2013 година, со што Ван Хоол ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Advertisement

Големото искуство на вработените во производството на квалитетни автобуси кои се произведувале во Македонија во минатото, образованието на младите генерации во техничките училишта и одличните македонски универзитети се основата на квалитетот во производниот процес.

Денес повеќе од 1300 вработени работат во фабриката со површина од 78.000 м2, произведувајќи автобуси за пребирливите, со почитување на строгите стандарди и критериуми на европските и северноамериканските пазари.

Од самиот почеток Ван Хоол Македонија постојано вложува напори дел од своите вградени компоненти да ги обезбеди од локални извори.

Денес Ван Хоол е сериозен партнер на повеќе од 20 домашни фирми, а во повеќето од нив самата компанија има вложено во нивното знаење со цел да им помогне да станат добавувачи на врвна светски позната компанија.

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени.

Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

АВТОЛАКИРАЧ – ФАРБАРА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Големо искуство во користење на сите видови материјали, спрејни пиштоли и друга опрема
  • Поврзување на инсталацијата за фарбање  и  користење на опремата под притисок
  • Проверка на материјалите пред одпочнување со лакирање (состојба на површината, остранување на сите нечистотии и обезбедување на добра адхезија на бојата)
  • Поставување на воздушниот притисок за лакирање и работа со инсталацијата за фарбање
  • Прскање главно боја- лак според правилото : еднаков нанос , чисти и мазни површини
  • Секојдневно одржување на опремата под притисок за лакирање
  • Посебно внимание за економично користење на материјали
  • ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Диплома за завршено средно образование – по можност Автолакер
  • Претходно работно искуство од најмалку 3 години на иста позиција
  • Способност за работа во динамично опкружување како и работа под притисок со зададени времески рокови
  • ШТО НУДИМЕ

  • Почетна нето плата од 38.100 денари плус минат труд
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” – одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
  • Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.

    Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

    Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

    Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button