Вести

Се бараат работници – Основната нето плата до 40 000 денари!

Advertisement

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е производител на цемент и на други градежни материјали.

Како членка на Групацијата ТИТАН, работи според најдобрите светски практики водејќи грижа за потребите на општеството и одржливиот развој преку одговорност и интегритет.

Advertisement

УСЈЕ е основана во 1955 година и денес е една од најголемите домашни компании со значаен придонес во развојот на земјата.

Вработува повеќе од 250 вработени, a преку соработката со локални добавувачи и изведувачи овозможува создавање нови работни места. Компанијата управува со 3 рудници – рудник за лапорец Усје, рудник за варовник Говрлево и рудник за песок.

Покрај производството на цемент, УСЈЕ поседува и погон за готов производ и агрегати, во кој произведува различни видови бетон. Со своите производи го снабдува домашниот пазар, како и пазарите во регионот (Косово, Албанија и Бугарија).

Цементарница УСЈЕ создава вредност преку трансформација на суровините во основниот градежен производ – цементот, служејќи ѝ на општествената потреба за квалитетно, безбедно и трајно домување и инфраструктура.

Цементарница УСЈЕ е посветена кон одржливост и има за цел да одговори на глобалните предизвици за одржливост во рамките на Целите за одржлив развој на Обединетите нации 2030.

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН објавува оглас за вработување на

Машински техничари во Одделение за машинско одржување

Машинскиот техничар во машинско одржување ќе биде задолжен за извршување на браварски активности (сервис, заварување, сечење, брусење, подесување, центрирање и слично) на машинската опрема која се користи во производниот процес.

Примарна цел на машинските техничари е да извршуваат ефикасни, квалитетни и навремени сервисни активности на опремата во работни услови и за време на ремонт како би се обезбедила континуирана работа со минимален број на застои и максимална искористеност.

Се грижи за исправноста, контролата на состојбата и правилно ракување со алатот, како и за чистотата и уредноста во погонот. Се грижи за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на експлоатација. Работното време е од 08:00 – 16:00 часот.

Основната нето плата за работното место е од 36.000 -40.000 денари. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.

Квалификации на кандидатите:

ССС/IV степен на стручна подготовка, машински техничар
Работно искуство во одржување од најмалку 2 години ќе се смета за предност
​Лиценца за заварување и користење вилушкар, ќе се смета за предност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување
на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ

https://www.usje.mk

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button