Свршеницата на Дарко се соблече и го покажа стомакот во 9.месец од бременоста, а потоа го направи ова и ги остави сите без зборови
Свршеницата на српскиот пејач Дарко Лазиќ го покажа својот труднички стомак во 9 месец од бременоста, а нејзината коментар ги воодушеви сите.
Имено, Марина Гагиќ и покрај тоа што за две-три недели треба да се породи и да роди син, на својот профил на социјалните мрежи објави неколку фотографии на кои позира во мошне провокативно издание.
Марина позира во долна облека, а во преден план покрај големиот труднички стомак е и оној посебен шарм што го имаат само бремените жени.
„Никогаш нема да го разбереш животот како тогаш кога ќе почне да настанува во тебе“, напиша оваа прекрасна идна мама на Инстаграм и ги воодушеви своите пријатели и обожаватели на социјалните мрежи.
Инаку, овие денови српските медиуми ги објавија гласините дека ситуацијата помеѓу Марина и Дарко не е баш најсјајна. Таа наводно се преселила да живее кај своите родители, а до недоразбирање дошло откако пејачот се вратил на стариот ноќен живот и повторно почнал да консумира алкохол. Тоа на Марина многу и пречела и откако видела дека не може да го промени неговиот карактер, решила да ги спакува куферите и си заминала кај родителите.
Тоа дека не се заедно, го потврди и пејачот, кој за медиумите изјави дека е точно дека Марина е кај нејзините родители, но и дека секојдневно се гледаат, но нема да живеат заедно се додека не ја реновираат куќата.
Од друга страна Дарко деновиве конечно се разведе и од неговата поранешна сопруга, Ана Севиќ .
Дарко од бракот со неа ја има ќерката Лорена.