Свекрвата на Цеца ретко ја гледаме во медиумите, но и таа изгледа ПРЕФИНЕТО И ЗАНЕСНО, Богдан е целиот на неа!

„Едната ми подари живот, а другата ми даде смисла“, напиша Богдан под заедничката фотографија.

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ ужива на егзотичните Малдиви со своите пријатели, а нејзиното момче пак, кој заради обврски не тргна со неа, ужива во зимската магија на Златибор.
Но она за што деновиве сите зборуваат, не е тоа што Цеца и Богдан не се заедно, туку за свекрвата на пејачката.
Имено, Богдан деновиве на својот Инстаграм профил ги изненади сите кога објави една фотографија на која е неговата мајка.

На фотографијата е неговата мајка Мирјана и ќерката Искра, а истата ја има лајкувано и Цеца.

Свекрвата на Цеца, односно мајката на Богдан Срејовиќ, ретко се појавува во јавноста, а за фотографијата што ја сподели синот веќе со денови не престанува да се зборува. Имено, менаџерот и пејачката се забавуваат веќе преку година дена, и додека таа е отсутна и ужива на своето патува од соништата на Малдивите, Богдан има причина за славење.

Имено, неговата мајка деновиве славеше роденден, а по тој повод се огласи и партнерот на Цеца со емотивна фотографија.
На фотографијата неговата мајка и ќерката заедно позираат и уживаат во еден ресторан, а Богдан под неа напиша:
„Едната ми подари живот, а другата смисла“, пишува Срејовиќ во описот на споменатата фотографија.

Од неа можеме да видиме дека неговата мајка изгледа одмерено, елегантно и младолико, па менаџерот очигледно од неа го наследил изгледот.
Инаку, Цеца и нејзиниот партнер Богдан на 18 декември одбележаа година дена од нивната љубов. Тие се запознаа на роденденот на една нивна заедничка пријателка, а по неколку недели дружба решија да ја започнат нивната врска која и ден-денес зрачи со љубов и романтика.

Многумина се надеваат дека оваа врска би можела да прерасне во нешто повеќе, а како што откри пејачката во една пригода, таа е многу среќна со Богдан, но не планира повторно да застане на лудиот камен.

Инаку, пејачката деновиве направи вистински хаос на Инстаграм кога објави фотографии во костим за капење.

Таа уште еднаш покажа дека е во топ форма и дека и на 48 години важи за една од најатрактивните пејачки.

Како таа изгледаше во ова издание, но и како ужива на Малдивите, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
