Сваќата на Цеца покажа како го уредила семејниот дом за празниците – богата декорација што остава без здив
Оливера Гудељ откри како го украсила станот за празниците
Како во филмовите
Свекрвата на Анастасија Ражнатовиќ и мајка на нејзиниот сопруг Немања Гудељ покажа како го украси својот дом за празниците.
Оливера очигледно внимавала на секој детаљ, а во украсувањето и помогна Вања, сестрата на познатиот фудбалер.
Тие потоа се пофалија со резултатот на социјалните мрежи, а под празничната објава им го честитаа католичкиот Божиќ на оние што го слават. Богатата декорација никого не остави рамнодушен, а како изгледаше нивниот стан и како тие го украсиле за новогодишните и божиќните празници, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм
По објавата на свекрвата и нејзината ќерка, и Анастасија покажа како ја накитила својата елка и ги воодушеви фановите.
Фото: Принтскрин
Нејзиното дрвце беше до плафонот и целото беше украсено со најразлични лампиони во облик на слатки, а многумина коментираа дека ова е една од најубавите новогодишни елки.
Фото: Инстаграм
Инаку, Анастасија и Немања деновиве уживаа во Дубаи, а во Севиља покрај семејната куќа во која живее семејството Гудељ имаат и свој стан во кој популарниот пар може да ужива кога сака.
Фото: Инстаграм
Куќата во која живее семејството Гудељ е огромна и уредена како оние што ги гледаме во познатите светски модни магазини, а таков е и просторниот двор во кој има доволно место и за спорт.