Сваќата на Цеца во кocтим за капење го покажа своето змиско тeлo – фотографијата е хит на Инстаграм, ова никој не го очекуваше!
Сваќата на Светлана Цеца Ражнатовиќ вчера славеше роденден
Сестрата на Богдана и Бојана, Наташа Родиќ, по тој повод на својот приватен профил на социјалните мрежи објави фотографија со која се потсети на егзотичниот одмор што го помина заедно со својата мајка Даниела ова лето.
Наташа под фотографијата напиша:
„Денес ни беше прекрасен ден, на мојата најдрага мајка и е роденден! Те сакам мнооогу и кога ќе пораснам сакам да бидам како ти. Секогаш насмеана и расположена! И остани ни таква засекогаш“, и напиша нејзината ќерка под заедничката фотографија на Инстаграм.
Инаку Наташа деновиве објави и неколку фотографии со кои покажа како е украсен нивниот дом во Тител.
И бидејќи оваа година за празникот ќе имаат посебен гостин, атмосферата навистина е како во бајките.
Имено, ова на семејството Родиќ ќе биде првата Нова година заедно со малиот Жељко, синот на Богдана и Вељко и внукот на Цеца Ражнатовиќ. Вељко градската гужва ја замени со ова мирно место и веќе речиси цела година живее во куќата што ја доби како мираз од родителите на неговата сакана. Нивниот нов дом се наоѓа во истиот двор со куќата во која живеат и неговите баба и дедо, а неговата мајка им направи базен во дворот. Базенот е со грејачи, така што Вељко и Богдана можат да се бањаат во текот на цела година, а на ова место во изминатиов период младиот пар уживаше најмногу со нивниот наследник, но и со нивните заеднички пријатели.
Инаку, Богдана покрај Наташа ја има и сестрата Бојана која исто така стана позната откако Вељко стана нивен зет.
Таа е во врска со синот на Гоца Божиновска, Мирко Шијан, кој пак е близок пријател со Вељко Ражнатовиќ.
Во продолжение погледнете и неколку нејзини фотографии…
Сите три сестри се убави и згодни, и живеат баш онака како што би посакале многу девојки на нивни години.
Од фотографиите што ги објавуваат на социјалните мрежи, можеме да видиме дека сите три сакаат да патуваат. Тие сакаат и да носат тренди модни парчиња, да уживаат во ноќниот живот и да ги трошат парите за облека.