Сашко Коцев ужива на плажа со неговата убава сопруга – романтичната фотографија ги воодушеви сите
Доказ дека нивната љубов е силна како и првиот ден
Плажа, сонце, љубов и ведро него – овие денови вака изгледа животот на Сашко Коцев и неговата сопруга.
Познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата сопруга, Смиљана, решија да го искористат топлото време за романтично патување.
Тие заминаа на одмор, а Сашко на својот профил на Фејсбук објави фотографија која за неколку часа доби речиси три илјади лајкови.
Фејсбук/ Сашко Коцев
Тие уживаа на плажа, седнати покрај водата, а Сашко го искористи моментот и направи селфи со кое ги воодушеви сите.
Фејсбук/ Сашко Коцев
Веднаш почнаа да се редат и бројни коментари, а во еден од нив една корисничка на социјалните мрежи му порача:
„Блазе тебе, кај одиш докторка си носиш со тебе, нема зима“, пишува во еден од стотиците коментари што стојат под фотографијата.
Фејсбук/ Сашко Коцев
Потсетуваме, Смиљана е докторка која пред неколку години стана и доктор на науки, а со Сашко се во брак од 2012 година.
Фејсбук/ Сашко Коцев
Во 2017 година тие ја добија ќерката Јоана, а цела Македонија се сеќава и на моментот кога актерот ја запроси својата сакана.
Фејсбук/ Сашко Коцев
Имено, Сашпко тоа го направи на Златна Бубамара на популарноста, кога својата сакана ја запроси од сцената, пред камерите.
Како изгледаше и овој момент, потсетете се во продолжение…