Сашко Коцев скршен од болка по убиството на Вања – претставата ја откажа, се огласи и Панчо ДНК
Не стивнува болката кај сите по грозоморното убиство...
Објави црна позадина и тажна порака
Целиот регион е потресен од веста дека девојчето Вања Ѓорчевска за која полицијата трагаше со денови е пронајдена мртва.
Како што информираа од МВР и обвинителството, Вања е убиена уште во понеделникот, истиот ден кога е грабната.
Покрај нејзиното пронајдено е и телото на Панче Ж. (74) од Велес чие исчезнување беше пријавено на 2 ноември. На вчерашната прес-конференција беше соопштено дека зад овие убиства стојат истите луѓе, што беше дополнителен шок за сите.
Многу познати личности се огласија во врска со овој трагичен настан, а меѓу нив и Сашко Коцев.
Познатиот актер скршен од она што ни се случува објави црна позадина на својот профил и го напиша следново.
„Почитувана публико, стендап претставата закажана на 06.12 во Струмица ја одложувам! За новиот датум на кој ќе се одржи ќе бидете известени преку Eventum и мојот профил“.
„Благодарам на разбирањето!“, напиша кратко Коцев.
Со слична порака се огласи и Владимир Блажев попознат како Панчо ДНК, кој на својот профил, најпрво напиша:
„Драга Вања, те молам прости ни“, а потоа сподели и коментар во рамите на своите Инстаграм приказни.
Сите мои колеги, уметници, артисти и јавни личности кои си ги промовирате вашите настани на овој ден, сте обични бедни безрбетници во моите очи. Можете да сочекате бар 24 часа да поминат, за да покажете некаква почит, до фамилиите на убиените. Нема ништо да ви смени ниту вам ниту на тие кои ве ангажирале. Како сакате сфатете ме, и што е најбитно к*р не ми чуе“, напиша Панчо на својот Инстаграм профил, а потоа го додаде и следново:
„Личноста на која и јавувате за се. Кога сте среќни и кога се давите во тага, е таа личност никогаш да не ја пуштате“, напиша Панчо.
Заради трагичниот настан откажани се и претставите во Македонски народен театар, а во нивната објава на Фејсбук стои.
Поради настанот коj длабоко ја потресе целата јавност, РСМ НУ Македонскиот народен театар сочувствува со семејствата на починатите и ги откажува изведбите на претставата ,,Кец на десетка“ закажана за 4.12.2023 г. и претставата ,,Животот е прекрасен“ со датум на изведба 5.12.2023 г..
Оваа објава беше споделена и од Сашко Коцев, кој додаде и дека за промената на датумите ќе има известување преку страната на МНТ.
Потсетуваме, последна информација за овој трагичен настан што го потресе регионот е дека таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар, негирал дека му давал информации на Љупчо Палевски Палчо за движењето на неговата ќерка и за нејзините дневни рути, што според досегашниот тек на истрагата доведе до нејзино киднапирање, а потоа и убиство, велат од обвинителството.