Здравјето на Саша Поповиќ веќе некое време е нарушено и директорот на „Гранд“ со месеци користи патерици.
Саша во мај доживеа несреќа кога падна по скалите во својот дом и ја скрши ногата. Кога отишол на преглед, лекарите виделе дека нешто не е во ред и му предложиле лекувањето да го продолжи во странство.
Како што дознава српскиот магазин Свет, Саша веднаш ги спакувал куферите и ги ангажирал најдобрите лекари. Со него во Германија отиде и неговата сопруга Сузана.
– Саша тешко поднесува кога не е добро бидејќи е човек од акција. Не го држи место и сака да ги држи сите конци во раце, затоа е толку успешен.
Кога ја скрши ногата, непосредно пред финалето на „Ѕвездите на Гранд“, навистина се изнервира, но тоа не го спречи да биде присутен и да ги заврши сите обврски до крај – вели изворот на овој весник.
– Меѓутоа, кога на прегледот беше откриено дека се не е во ред и дека опоравувањето ќе трае подолго, тоа многу го погоди. Летово мора да го прескокне одморот и да се посвети на здравјето и закрепнувањето. Сузана му е најголема мотивација и не се одвојува од него.
Сузана е оптимист, таа е тука да го смири и е неговиот глас на разумот, па и самата се откажа од годишниот одмор бидејќи не сака да го остави Саша ни за момент сам.