Авторот и водител на емисијата „Никогаш не е доцна“ Жика Јакшиќ веќе извесно време е во врска со поранешната сопруга на фудбалерот на Црвена звезда Никола Мијаиловиќ.
Жика Јакшиќ веќе извесно време е во романтична и емотивна врска со убавата Тијана Мијаиловиќ и тоа не го крие од медиумите.
Неодамна реши и јавно да ја покаже својата нова избраничка, адвокатката Тијана Мијаиловиќ во која е вљубен веќе извесно време, а се погласни се шпекулациите дека наскоро ќе стапне на лудиот камен.
Бидејќи се работи за прекрасна врска, полна со разбирање, поддршка, пред се љубов тоа би било логично, но сепак Жика и Тијана не брзаат.
-Жика опасно се заљуби, таа не е јавна личност и воопшто не сака да се појавува во таблоидите. Со оглед на тоа дека работи сериозна работа, не и треба таков маркетинг… Пред шест месеци почнаа се повеќе да се среќаваат и да излегуваат заедно и се појавија „искри“. Жика беше тој што требаше малку повеќе да се потруди… Но, неговата нова љубов навистина го стави во ред, често се шегуваме со него дека не може да се оддалечи од својата девојка – изјави неодамна пријателот на Жика.
Сега почна да се шпекулира дека наводно Жика го поканил Саша Поповиќ да му биде кум, но тој го одбил.
-Жика на шега го прашал Саша дали ако повторно се ожени ќе му биде кум, на што Поповиќ му рекол дека не би му паднало ни на памет. Жика прво се шокираше, а потоа Сале му објасни. „Ти донесов малер кога се ожени со Дијана, не издржавте, па нема да ризикувам повторно“.
-Му кажа дека од се срце сака цел живот да го помине со Тијана и дека е најдобро да најде друг кум – открил за Свет изворот близок до Саша Поповиќ.
Инаку иако според неговите кажувања дека не може да опстане во брак никој не очекуваше дека Жика би се решил на таков чекор по трет пат, но гласините се се погласни.
– И двата пати решив дека сакам развод. Не беше лесно да се донесе таа одлука, ниту пак се носи во афект. Човекот мора прво да се бори за да го спаси својот брак, но кога ќе види дека не може, треба да го прекине. И обидете се да ја направите штетата што е можно помала. Кога престанав да се чувствувам добро во моите бракови, излегов од нив. Ако е некаква утеха, со двете бивши сопруги имам одличен однос, цивилизирано надминавме се. Во разводите не треба да се бара виновникот, туку да се прифати дека има луѓе кои или се или не се еден за друг – рече еднаш Жика.