Новости

САША ПОПОВИЌ ГО ОДВРЗА ЌЕСЕТО – еве колкава плата ќе има новата водителка во Ѕвездите на Гранд

Advertisement

Ана Севиќ ќе го заземе местото на Сања Кужет во шоуто Звездите на Гранд

Водителката Сања Кужет е трудна, и неодамна замина на породилно отсуство.

Advertisement

Инстаграм/ Ана Севиќ

Иако водителката е отсутна, снимањето на музичкиот натпревар „Ѕвезда Гранда“ продолжува, а денеска Гранд излезе со официјално соопштение дека местото на Сања ќе го заземе пејачката Ана Севиќ.

Српски ало ексклузивно дознава од извор близок до продукцијата, Саша Поповиќ ја донел конечната одлука да ја ангажира Ана Севиќ:

Advertisement

– Одлуката ја донесе Поповиќ, кој сака да ја врати старата слава на натпреварувањето. Саша преговарал со Ана и се договориле на сума од 5.000 евра – раскажува за Ало!, добро упатен извор.

Инстаграм/ Ана Севиќ

– Драго ми е што сме повторно заедно, изјави Ана за Гранд Портал и додаде:

– Голема чест и привилегија е повторно да застанам на сцената од која и самата дојдов и поминав убави години како натпреварувачка, а потоа и како водителка. Имам неверојатен набој на емоции и ова беше навистина понуда што не можев да ја одбијам со оглед на тоа што сум емотивно врзана за Звездите на Гранд и дека тие беа огромен пресврт во мојот живот.

Инстаграм/ Ана Севиќ

На Ана ова нема да и биде прв пат да води шоу во ваков формат.

Таа своевремено заедно со Милан Митровиќ го водеше популарното талент-шоу за најмладите „Неки нови клинци“.

Севиќ во 2010 година се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ и токму заради ова шоу стана позната кај пошироката јавност. Потоа таа се омажи за Дарко Лазиќ кој исто така стана ѕвезда благодарение на ова шоу. Ана и Дарко ја имаат ќерката Лорена.

Инстаграм/ Ана Севиќ

Тие потоа се разделија, но останаа во добри односи, а Ана потоа се омажи и роди уште две деца, ќерка и син.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button