Саша Ковачевиќ ќе стане татко?- Пејачот откри досега непознати детали за врската со својата избраничка!
Спремен е за улога на татко...
Саша Ковачевиќ важи за еден од наголемите фраери на музичката естрада а уште од неговото појавување на јавната сцена важи за миленик на женската популација, што не се променило ниту до денес.
Саша викендов беше гостин на крштевката на синот на манекенката Дејана Живковиќ каде се појави во придружба на својата поубава половина. По тој повод пејачот проговори за плановите и врската со неговата партнерка Зорана Тасовац.
– Планирам, здравје боже да се реализирам во улога на татко, тоа е целта на животот и најубавиот дар од Бога што можеме да го добиеме. Не се водам од тоа кога и што ќе се случи, кога Господ ќе каже дека е вистински момент тогаш ќе се случи и ќе бидам најсреќниот човек – рече Саша, а потоа проговори зошто уште не се оженил и не се остварил во улога на татко, а многумина веруваат дека веќе му е vреме.
– Претпоставувам дека сето тоа е природно и нормално, но ваше е да одлучите колку сакате да му придавате значење и да дозволите луѓето да се мешаат во вашата интимност, се зависи од вас. Ние мажите сме чудни, постојано сме незрели, секогаш сакаме да бидеме момчиња без разлика дали сме во брак или не, тоа е ген, тоа не можеш да го промениш – истакна Саша, а потоа ги откри деталите од врската со Зоранa.
– Во нашата врска нема простор за љубомора, претпоставувам дека е изградена врска за да нема такво нешто. Повеќето од моите врски имаа наплив на љубомора во првите шест месеци, една година, потоа сè е полесно. Во претходните врски ми пречеше, но сега со Зорана не, затоа што се најдовме. Мислам дека запознав некој кој ми одговара апсолутно по сите параметри, навистина знам дека не можам да најдам ништо подобро од тоа што го имам во моментов, тоа го потпишувам – изјави Саша.