Сара Мејс јавно побара помош: „Го нема од вчера, ве молам без мудрување“
Македонската пејачка јавно побара помош од своите следбеници.

Сара Мејс на својот Интаграм профил сподели фотографии со апел за помош да се пронајде најдобриот пријател на нејзиното семејство, кучето Атос.
Познато е дека кучињата се најдобри пријатели на луѓето и заштитници на домот.
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
Токму тоа е и лабрадорот Атос за ова семејство.
Водителот Димитар Андоновски и неговата сопруга, пејачката Сара Мејс се едни од најактивните познати личности на социјалните мрежи и буквално секојдневно имаат по некоја нова објава.
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
Публиката ги обожава снимките од нивните две деца, Илина и Кирил.
На скоро секоја снима, на секое патување и фотографија се забележува и нивниот миленик, кучето Атос.
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
Децата буквално го обожаваат, а и тој нив.
Атос од вчера го нема, па пејачката побара помош од сите кои живеат во Скопје, доколку го видат некаде да ѝ јават.
ФОТО: Инстаграм / Сара Мејс
Ова не е првпат Атос да исчезне, истово се има случено и пред Нова година, па откако самиот се вратил, Сара напиша дека изгледал како да бил во војна.
Се надеваме дека и овој пат потрагата ќе има среќен крај, а пејачката ги замоли сите да се воздржат од хејт коментари и мудрување.