Реклама
CelebrityUncategorizedНаши ѕвездиХоливуд

Само што се врати од Италија: Таа е првата позната личност заразена со корона, модната индустрија загрижена

Реклама

Откако наодите покажаа дека познатата богаташка и модна инфлуенсерка е позитивна на вирусот кој изминатите седмици е светска тема број еден, модната индустрија е во страв.

Виетнамската инфлуенсерка и богаташка Нга Нгуен (27) минатата недела седеше во првите редови на модните ревии на брендовите Saint Laurent во Париз и Gucci во Милано.

По враќањето од Европа се тестираше од коронавирус, а наодите покажаа дека се заразила. Со оглед на тоа дека модните недели во Париз и Милано ги посетија илјадници модни новинари, уредници, манекенки, инфуенсери, фотографи и вљубеници во модата, јасно е зошто во модната заедница сега владее загриженост.

Маркетинг

Нгуен со фотографиите од модните ревии се пофали на Инстаграм, по откако е потврдено дека е позитивна на коронавирус, го избриша профилот. На модната недела таа беше заедно со сестрата Хонг Нхунг (26), која исто така е позитивна на корона вирус, пишува Саут Чајна Морнинг Пост.

Виетнамските медиуми пишуваат дека живее паралелно и во Ханој и во Лондон и дека е ќерка на магнат кој богатството го стекнал со челик. Во Виетнам се потврдени 30 случаи на коронавирус.

Маркетинг

На ревијата на модната куќа Сен Лорен имало околу 1000 луѓе, а како што пишуваат странските медиуми, модните уредници и другите посетители на модната недела во Париз и Милано одлучиле да се самоизолираат во своите домови. Уредниците од САД и азиските земји како Сингапур и Тајланд изјавија дека работодавачите им рекле да не доаѓаат на работните места откако се вратиле од Милано. Така 30 највиски уредници во Ел, ИнСтајл и Харпер Базар работат од дома.

Тоа секако, не е само поради познатата инфлуенсерка, туку и поради фактот дека Милано е главниот град на северноиталијанската покраина Ломбардија, во која има најголем број од заболените и починати од коронавирусот во Италија.

Во Париз во текот на неделата на модата забранети се собирање со повеќе од 5.000 лица, па поради тоа се откажани мал број настани.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button