Само еден спас има од короната, СЗО соопшти дека нема други надежи, мора да се направи ова
СЗО соопшти дека човештвото не е ниту близу до тоа да има ниво на имунитет на коронавирус кој би бил неопходен за стекнување на имунитет на стадо при што доволен дел од популацијата би имала антитела за да го запре ширењето на вирусот.
Имунитетот на стадо обично се постигнува со вакцинација и повеќето научници проценуваат дека најмалку 70 отсто од популацијата мора да има антитела за да се спречи епидемијата. Сепак некои експерти сугерираа дека заштитен ефект би дали и ако само половина од популацијата има имунитет.
Таквата теорија меѓутоа ја отфрли Мајк Рајан, одговорен од Светската здравствена организација велеќи дека не треба да живееме во надеж дека ќе стекнеме имунитет на стадо.
„Како глобална популација не сме ниту близу до нивото на имунитет неопходен за запирање на пренесуваето на оваа болест. Тоа не е решение и не е решение што го бараме“, рече тој пред новинарите.
Повеќето досега направени студии заклучија дека само 10 до 20 отсто луѓе стекнале антитела.