Јелена Карлеуша неодамна јавно проговори за здравствената состојба на Саша Поповиќ.
Откако ја напушти функцијата член на жирито во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, Карлеуша не остана во добри односи со Поповиќ.
Сепак, како што истакна, таа е во контакт со неговата сопруга Сузана.
– Слушнав дека Сале не е добар. На Сузана и испратив порака дека во секој момент може да смета на мојата поддршка и помош, без разлика што морав да ги прекинам неговите напади на различни начини на разни емисии. Морам да бидам некојa што простува, затоа што нема некој што не ми згрешил и што не се покајал поради тоа, бидејќи генерално никогаш никому ништо не сум згрешилa. Кога станува збор за Саша Поповиќ, ќе се сеќавам само на добрите работи што ми ги направи – изјави Јелена Карлеуша во емисијата „Пулс Србија“ на ТВ Курир.
Ова е моментот кога Саша последен пат се појави во јавноста
Саша Поповиќ не се појави на почетокот на снимањето на новата сезона на Звезда Гранда 2024/25, кога беше откриено дека неговата здравствена состојба е нарушена.
Последниов период не се појавува на јавни настани, а последен пат е виден на снимањето на финалето на 17-та сезона на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“.
Тој дошол на шоуто со патерици и речиси цело време седел на стол.