Реклама
Вирално

Сакал да убие носорог од загрозен вид, па го прегазиле слонови, а потоа го изеле левови

Реклама

Од него останале само главата и облекета

Фото: Илустрација

Неименуван ловокрадец кој влегол во националниот парк Кругер во Јужноафриканската република починал откако го прегазиле слонoви. Но неговото тело не можеле да го пронајдат бидејќи потоа го изеле лавови, а се претпоставува дека дошол да лови загрозен вид на носорози.

Покрај несреќникот што загинал со него биле уште четворица други мажи, но тие имале повеќе среќа па завршија во затвор. Полицијата ги улови додека се обидуваа да избегаат од националниот парк, во кој е забрането движење, а кога ги уапсиле, на полицајците им раскажале дека еден од нив бил прегазен од слоновите.

Маркетинг

Вработените чувари од националниот парк тргнале да го бараат телото на несреќниот маж, кое останало на местото познато како „Crocodile Bridge“.

Тие во потрагата тргнеле со мал авион. Телото на несреќникот го барале неколку дена се додека не заклучиле дека човекот бил изеден од лавовите, а останала само облеката и главата на ловокрадецот што ги нашле во близина на местото.

Маркетинг

„Влезот во националниот парк Кругер не само што е илегален туку е и опасен бидејќи постојат бројни опасности. Ни беше многу тешко да ја гледаме ќерката на починатиот маж, особено затоа што не можевме да го најдеме неговото тело“, изјави управителот на паркот Глен Филипс, изразувајќи сочувство до семејството на ловокрадецот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button